Причина број 257334 да се иселам од државата

03.09.2015 18:11
Причина број 257334 да се иселам од државата

Во чекална во Систина, млад брачен пар кој очигледно се обидува да има дете:
Жената: Ова за среќа е ставено тука?
Мажот: Може треба да се допре за плодност да се има.
Жената: Еј да, стварно. (станува, го допира, се прекрстува, се враќа, го гушка мажот и издивнуваат со олеснување)
Сања: Се смее гласно. (отвора телефон и пишува во notes "причина број 257334 да се иселам од државата:"

Извор: Фејсбук профилот на авторката