Грофичката

04.09.2015 13:14

Убавицата, грофичка,
чувана од Богородичка.
Послугата ѝ е нафракана,
а круната деветкрака.

Жива е ко скакулец,
весела ко штурец,
косата блескаво сина
како небото во висина.

Душа побела од рамења,
молитви таа меле без мамења,
те англиска те француска,
пред Мара што ѕвери, гуска.

Грофичката лови, соколичка,
јава, мечува, сета во свиличка,
во раката тенок камшик, баш шик,
а раката тенка ко камшик.

Одвратниот род на селани е тука.
За нејзе рмбаат три окрузи,
но не стига до неа сметот кметски,
очите на грофичката се мир небески.

Секој што кај неа доаѓа
секому таа се допаѓа,
грбот им се допаѓа и парите.
Допаѓањето нејзе ѝ досаѓа.

 

Превод: П. В.

Шандор Вереш (1913-1989), унгарски поет и писател. Почнува да објавува песни на 19-годишна возраст. Студирал филозофија и естетика, а во 1939 година е објавена неговата докторска дисертација „Раѓање на песната“. Напишал 18 поетски книги, а според многу негови песни е напишана и музика.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото