Ренди Мора

05.09.15 14:45

Очи што летаат, човечки роботи и соголени до гола кожа екстремитети. Ништо не е премногу лудо за колумбискиот уметник Ренди Moра.

Работејќи како хонорарен илустратор, Мора создава колоритни дигитални колажи (приватно и по нарачка). Неговите дела се изложувани насекаде низ светот, а биле прикажувани во весници и списанија, како што се Wired UK, The Guardian и The Quarterly Magazine.

Гледајќи во колажите на Ренди Мора се потсетуваме дека во уметноста, сè е можно. Некако тој успева од најразличните и неспоиви предмети и организми да создаде хармонична слика, правејќи го толку логично тоа што сите тие се нашле собрани во неговите колажи.

Она што е исто така необично и интересно, е дека дури и најморбидните елементи во неговите дела (како што се органи и исечени глави) се убави. Како тие да не требало никогаш да добијат грозоморна и страшна димензија. Ренди Мора ни нуди една нова колажирана естетика на грдото. Целта на овие слики не е да исплашат, туку да зачудат. Да бидеме секогаш изненадени од спојот на различните реалности, навидум неспоиви. Тие едноставно се дел од неверојатните, живи колажи кои имаат сопствен живот и раскажуваат свои приказни.


ОкоБоли главаВицФото