Не Јанева, ние сме специјални

19.09.2015 11:07
Не Јанева, ние сме специјални

Не е обвинителот, туку сите ние, како општество, сме специјални. Дијагнозата „ние сме лудаци“, што во афект ја изрече докторот за финансии, мислејќи само на властодршците, очигледно мора да важи многу пошироко од кругот на фамилијата.

Само во земја како Македонија во која е сè претумбано, хаотично, испревртено, во која речиси секаде владее некаков неред, логично е да има и ваква терминолошка збрка, одредници и синтагми што се повеќе од обична игра на зборови.

Ако Марко Зврлевски, државниот јавен обвинител, со години не поведува истрага за огромен корупциски скандал каков што е „Маѓар телеком“, ако не сака да го слушне, камоли да го земе како основано сомнение за тежок криминал кажаното во прислушуваните
разговори, ако реагира исклучиво по допрен глас од премиерот, ако е поставен на таа функција не за да гони, туку за да спречува прогон на криминалци, да ги држи во фиока кривичните пријави против моќниците од власта, тогаш само тој и со многу поголемо право, заслужува да се нарече - специјален.

Значи, само во вака у(не)редена држава Катица Јанева, обвинителката која - како и секој нејзин колега во која било држава, освен Зврлевски во Македонија - треба да си ја врши редовната и единствената работа за која е платена, може да се нарече специјална.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња