Македонија крева антички ѕид на границата поради бегалците

22.09.2015 09:20
Македонија крева антички ѕид на границата поради бегалците

Гевгелија, 22 септември 2015

Владата на Македонија одлучи на границата со Грција да подигне висок ѕид во антички стил за да ги оневезможи бегалците да влезат во земјата.

Ѕидот ќе биде изработен од мермер, а во него ќе бидат вградени јонски, дорски и коринтски столбови.

„На ѕидот ќе бидат изрезбарени разни прастари мотиви, но и прикази на македонските антички јунаци како Александар Македонски, Аристотел или Никола Груевски. Размислуваме на ѕидовите да ги испишеме и најзначајните моменти од историјата на Македонија од палеолитот до денес“, соопштуваат од владата на Македонија.

Според наводите од македонската влада, на секој столб ќе има фигура на некој антички бог или божица, а на граничните премини ќе бидат поставени фигури од римската заштитничка на патниците, божицата Абеона.

„Граничните премини ќе бидат преуредени и ќе изгледаат како триумфални порти, а граничарите ќе добијат нова работна облека која ќе личи на античките оклопи, само што наместо мечеви и штитови службениците и понатаму ќе носат пиштоли. Целта на проектот е да се спречи неконтролираното влегување на бегалците во Македонија, но истовремено да им се овозможи удобен и интересен престој во подножјето на ѕидините“, велат од македонската влада.

Извор: www.njuz.net
Слика: Свирачиња