1006 hPa
100 %
9 °C
Скопје - Сре, 24.04.2024 03:59
Младата фотографка Еџе Али е студентка по социологија, но ако судиме според нејзините фотографии, таа делува како „дипломиран“ фотограф: нејзините фотографии делуваат зрело, непретенциозно и ненаметливо, а сепак возбудливо, затоа што таа вешто успева со помош на објективот да го скроти и припитоми чудовиштето-град.
Еџе Али вели дека се раководи според зборовите на Себастијао Салгадо: „Ако си млад и имаш време, учи. Студирај антропологија, социологија, економија, геополитика. Учи за да разбереш што всушност фотографираш, што можеш да фотографираш и што треба да фотографираш.“
Судејќи според сè, Али многу добро го знае сето тоа. Во продолжение, ве препуштаме на десетте црно-бели Инстаграм бисери на оваа извонредна фотографка.