Стевче: Политиката е курва, а јас сум политичариште

02.10.2015 10:37
Стевче: Политиката е курва, а јас сум политичариште

Најновиот член во големото братство на Никола Груевски, ГРОМ-овецот Стевчо Јакимовски не ја крие својата радост што конечно е примен во јатото каде што смета дека отсекогаш припаѓал. Вели дека не станува збор за алчност за пари, туку за заедничка платформа. И тој и Груевски во еден момент сфатиле дека целите и заложбите им се исти, па немало веќе потреба да работат одделно. Јакимовски не им обрнува многу внимание на забелешките дека неговиот потег некои го квалификуваат како политичка проституција.

– Не сум јас крив што политиката е курва. Едноставно тоа е така, а јас сум си политичариште. Видов дека имаме многу сличности со Грујо, еве на пример, и тој има нагон да сече дрвја и да гради згради на локации кај што треба да има паркови, речиси со иста страст сакаме да ги трошиме беспотребно парите од граѓаните. Што има тука чудно што двајца политичари со иста платформа решиле да се здружат за свое лично добро, како и за добро на нивните семјства. А на опозицијата можам само да и порачам: Владата нема да падне, а ќе паднат уште многу дрвја по булеварите – изјави Јакимовски на свеченоста по повод сечата на дрвја кај „Скопје сити мол“.

Првиот човек на ГРОМ беше главна ѕвезда на провладиниот контрапротест и се уште не може да си ги собере впечатоците и возбудата од големиот настан.

– Толку сме возбудени што некои од нашата партија предложија наместо „Не може нам нико ништа“ за нова партиска химна да ја усвоиме „Краљица тротоара“. Јас сум, сепак, да се размисли да не е подобро да ја избереме „Бријуни“ од Дубиоза колектив. Пази колку добар рефрен има песнава:

Politika je kurva
Ubila je bomba
Dzaba svi smo isti
Svi smo ista govna


…како за нас да е испеана, но, ние сме демократска партија, телата и органите ќе си одлучат за новата химна – рече Стевчо, додавајќи дека тој доследно ги почитува законите на РМ кои велат дека пушењето на отворено не е забрането.

Слика: Свирачиња

Објавено на 19/05/2015, Коза ностра

ОкоБоли главаВицФото