Анатомските плетива на Емили Стоункинг

06.10.15 13:59

Емили Стоункинг е уметница од Вермонт која се занимава со еден необичен начин на плетење. Taa има сопствен бренд и интернет продавница за анатомско плетење нареченa аKNITomy, каде што меката волна ја преобразува во анатомски детали од глувци, жаби, луѓе, и други суштества.

Стоункинг, која мора да признаеме, не е научник, сака да се приближи до формата и стилот кој може да се види кај повеќето анатомски илустрации направени со чисти бои и различни форми, кои можеби не се стопроцентно прецизни, но сепак се забавни за разгледување.

Примероците и шемите за правење на овие необични волнени фигури се достапни за преземање, па секој може да си направи нарачка и да добие водич за плетење во PDF верзија.

Извор: www.thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото