Реакции на обидот за цензура на бомбите со закон

07.10.2015 11:36
Реакции на обидот за цензура на бомбите со закон

Огнен Чемерски

Она што е ,,Маκбет“ во светот на театаρот, тоа ќе станат ,,бомбите“ во нашиот свет. Името нема да смее да им се спомне. И κаκо што глумците велат ,,шκотсκана дρама“, таκа ние ќе велиме ,,маκедонсκана фаρса“. Баρем да имаше убави ρеплиκи во нашион сρам κо што ги има во шκотсκана дρама!

Гордана Попсимонова

Еј?!? Па сеа, за добро утро, добар ден, добра ноќ и за ужинка (пута два) има да објавувам бомбици. Нит сум медиум, нит ми чуе.

* * *

Да прашам - ќе предложат закон за лоботомија?
Ги чувме бомбите, ги запамтивме. И од претходно по нешто знаеме. Шо да праиме?
Иглите, сами да си ги носиме или ќе нè части државата?
Мали вечерни дилеми.

Катерина Блажевска

Стотици илјади рингтонови, во моментов, ѕвонат со „Ало Началниче“.

Бранко Героски

Абе ај да спиеме... Или ќе го повлечат тој глупав закон, или утре Заев ќе рока бомби. Попаметно е да го повлечат, поубаво е да ги чуеме тоа бомбите. Јеби га, не може и двете заедно.

Мирјана Најчевска

Талат Џафери нема поим што е демократија. Нема поим што значи да бидеш пратеник. Нема абер што значи поделба на власта. Нема поим што значи контрола на Собранието над извршната власт.

Човекот тврди дека немало смисла Комисијата за надзор над УБК да го изведува тој надзор заради тоа што во комисијата биле само луѓе од позицијата и тоа би значело дека сами себе ќе се контролираат. Талат мисли дека е вработен во УБК?

Тој не е глуп. Тој едноставно нема поим. И како човек кој нема поим не смее да биде пратеник бидејки тоа е штетно за државата и за секој од нас поединечно.

Гледајте го на Телма (кај Лупевска) и ќе ви стане јасно, дека човекот мисли дека Собранието е исто што и партија, или можеби исто што и група бандити собрани во шумата? Не знам. Или можеби бандити собрани во УБК? Кој знае?

Како можам да очекувам друго од Талат освен да предложи закон со кој сака да го заштити неправото, да го сруши уставот и уставниот ситем.

Љубомир Фрчкоски

Се наоѓам во ситуација да немам капацитет да ги разберам, и зборови да ги опишам лицата кои дошле дo идеја за ваков закон. Законот, имено, е варварски. Не знам од која причина и на што се повикуваат, ваков варварски гест да споделат во јавноста и во постапка пред парламентот кој (што и да мислиме за него), овој текст ќе се мота по комисии. Имено, законот, на прв и втор и секој друг поглед, се судира со две цивилизациски правни придобивки кои не можат да бидат поништени, повикувајќи се ниту на интерен политички догвор, ниту да меѓународен договор. Имено, на ништо друго.
Првата демократска цивилизациска придобивка е дека: Цензурата е забранета! Таква одредба стои во сите европски устави, и не постои меѓународен договор кој ја негира оваа забрана.
Втората цивилизациска правна придобивка која е содржана во сите европски устави е: „Забраната на ректорактивното дејствување на законите“.

Ивор Мицковски

Дека ДПМНЕ се лудаци што сакаат со закон да санкционираат нешто што е невозможно да се избрише или казни, тоа е повеќе од јасно. Но, мене ме секира друга работа. Тргнете ја галамата од глупоќата на ДПМНЕ-ДУИ, целата работа има повторно призвук на 50/50 дил помеѓу власта и опозицијата. Едниве да забранат нешто што веќе излегло и не може да се уништи, другиве да престанат со идни бомби за наводно да немало злоупотреби?! Кажете ми, што е пореално, и кој тука навистина од нешто се откажува или нешто забранува?! Двете страни фактички денес јавно ни соопштија дека се согласни идни бомби да нема. Друго што ме интересира и загрижува е што и двете страни кои се во постојани договори, ги имаат во сопственост материјалите, за кои досега знаеме дека селективно се употребувани и дистрибуирани, и за кои немаме никакви гаранции дали некој приватно ги злоупотребува или ќе ги злоупотребува во иднина... на страна фактот, што власта и понатаму снима... Трето, сите нови материјали би оделе директно кај СЈО, за кое немаме никакви гаранции како ќе постапува и дали ќе балансира со материјалите...така што, мене работата ми делува покомплицирана од само режимска цензура...

Арсим Зеколи

Како бидна необјавувањето на снимките за Монструм, А1 да биде оправдано (и од дел од јавноста прифатено) со цел „да се зачува мирот“ или пак подоцна со ставот дека „тие се сега во рацете на СпецОбвин“, а забраната која ја бараат гангстерите испаѓа дека е цензура? (Што е сосема точно како констатација).

Кој одредува што е што? Зошто тогаш на таа „слободарска“ јавност не ѝ пречеше цензурата од СДСМ, а сега хистеризира по истото барање од ВМРО-ДУИ? Нели СДСМ ги префрли снимките кај СпецОбвин?

Мариглен Демири

после такви бомби, студентите и професорите решија да преговараат,
после такви бомби опозицијата реши исто да преговара, договара па и одговара,
после такви бомби на општеството, едвај еден петти мај му се случи,
после такви бомби ние не скопчавме дека со џелатот никогаш нема да може(ш) да преговараш, но исто така и дека лавот „навикнат“ во циркус не ја поима слободата (ова од Тричковски ми е)
после такви бомби, денес Молчаливецот прозборе и нè поплави сите нас,
после такви бомби, утре ЛИДЕРОТ на опозицијата ќе седне да преговара дури и за поставените линкови од бомбите од месец мај, април, март, февруари, јануари.
имате бе пријатели и пријателки идеја што ќе праиме со државава (и општеството) или само се мотате како пијани кокошки (ова од Ванчо Петрушевски ми е), а некои од вас ќе изиграваат „ширачи на вистината за маќедоња“?

Александар Ковачевски

Бомбите не само што не треба да бидат забранети и избришани, туку напротив. Нужно е да бидат прогласени за културно наследство од кое наредните генерации ќе можат да учат за специфичната форма на окупација на земјата од домашните вазали.

Бранко Тричковски

На враќање од Моране, Груевски посакал да се прошета малку низ облаците, меки, убави, бели, пувкасти, но капетанот на хеликоптерот го предупредил дека ќе падне!
-Какво паѓање, бе - рекол премиерот - додека е Бејли во Скопје јас никогаш нема да паднам!
-Господине претседателе, тука се работи за законот за гравитацијата - рекол капетанот.
-Ха - извикал Груевски - ако е до Законот за гравитацијата веднаш ќе го смениме... ало... Илија... ме слушаш ли...

* * *

Тоа што бандата го повлече законот за бомбите не значи дека бандитите се опаметиле, не, тоа е само нов и многу крупен доказ за нивната лудост за која многу тешко може да се оцени дали беше поштетна кога според принципите на повлечениот закон, на себе го подреди комплетниот нормативен систем претворајќи го во режим на крајната деструкција или сега кога разголена се пројавува како карикатура и немоќ, како луда лудост која не може да управува со ништо, па дури и со себе! Светот, господине Џес, кој не е во состојба да се ослободи од вакво зло, нема да биде во состојба да се избори за светла иднина ниту во големата партија на Блискиот Исток или на другите меридијани и паралели, a нацијата која има капацитети да го трпи десет години, не заслужува ниту несветла иднина!