Соседи

08.10.2015 18:26

Колку малку се грижев за природата: секогаш сметав
шумата е идилично место и оставав така да биде; но,
погледни, едно дрво, тој бор тука, скршен во налет на ветар,

беше подгниен крај тлото, а во падот ги скршил сите гранки
странично од една леска: тоа дрво додека оздола се обидува
да надрасне друго, само една гранка има на светлина:

невреме пред пар години ги скршило врвовите на некои
стебла, а тие сега се расцветуваат во фиданки: една леска
се свиткала како лак до земи, се откажала од врвот

и исфрлила стрела тука по средината: бршлен
од еден Ен Полард бор направил стебло на бршлен: воопшто
не можам да ја вратам изгубената идила, но шумата е овде со нас.

Препев: П. В.

Оригиналната песна

А. П. Емонс (A. R. Ammons, 1926-2001), американски поет. Го сметаат за романтичар чија главна тема е судирот меѓу човекот и природата, но неговата поезија секогаш содржи и подлабоки, филозофски слоеви. Музичкиот аспект на неговата поезија, снажно присутен, ги дополнува и усложнува неговите песни.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото