Во сон

09.10.2015 12:19

Во педесеттата си приоѓам сам на себе
осумнаесетгодишник
смуртено седи на бетонските скали
на татковата куќа
и сака да замине оттаму
во мојот сопствен живот;
и му велам на своето младо битие:
Ништо нема да испадне како што треба,
ќе посакаш да се казниш себеси,
посебно поради најблиските,
и тие ќе ја посакаат сопствената смрт
во потресеност и болка. Ќе упаднеш
во спорења облеан со самосожалувачки солзи,
полн со себе, плаховит странец.
Моето осумнаесетгодишно јас стана
од бетонските скали и рече:
Оди по ѓаволите -
и јас си заминав.

Препев: П. В.

оригиналната песна

Дејвид Игнетов (David Ignatow, 1914-1997), американски поет со типично американска работна биографија: работел како месар, пренесувач на пораки, болнички секретар, ноќен чувар, пазарџија, продавач на хартија, новинар, предавач... Поезијата му е едноставна, популарна, наменета за „обичните луѓе“... Благодарение на дваесетината поетски книги ги добил најголемите американски книжевни награди.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото