Претсмртно

12.10.2015 12:38

Безмилосна е борбата, и волчка.
И велат дека криела епичности.
Јас паднав. Ќе ме смени друг и: точка!
Што тука значи некаква си личност?

Рафал и смрт ... а потоа си црв.
Тоа е толку логично и грубо.
Но, в луњата ќе сме пак со тебе
мој народе, бидејќи си се љубевме.

Препев: Гане Тодоровски

Никола Јонков Вапцаров (7 декември 1909 - 23 јули 1942) — македонски и бугарски писател роден во Банско, во Пиринска Македонија (денес Бугарија). Бил најсилен поетски талент меѓу Македонците кои твореле на други јазици, освен на македонскиот. Неговата единствена стихозбирка со наслов „Моторни пѣсни“ содржи 20 песни напишани на бугарски јазик. Доделено му е видно место во бугарската литература, иако самиот и во животот и преку својата поезија недвосмислено изјавувал дека е Македонец. Неговата поезија е изразито патриотска, социјална, револуционерна и хуманистичка.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото