Мислење

13.10.2015 12:06

Се најдов во телото на риба.
Ако и самиот сум риба, зборовиве
звук се на вода што истекува
низ моите шкрги и како сите риби
ќе се најде во челустите
на некоја поголема или во мрежа,
или просто ќе умрам како риба. Оти мислам
дека сум голтнат, особа
со право на слобода како што бев
подучуван да мислам, мојата мисла е
друг вид мрежа, зашто правово
на слобода е мака, како што е и да се биде
во телото на риба.

Препев: П. В.

Дејвид Игнетов (David Ignatow, 1914-1997), американски поет со типично американска работна биографија: работел како месар, пренесувач на пораки, болнички секретар, ноќен чувар, пазарџија, продавач на хартија, новинар, предавач... Поезијата му е едноставна, популарна, наменета за „обичните луѓе“... Благодарение на дваесетината поетски книги ги добил најголемите американски книжевни награди.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото