Медо и вицовите

13.10.2015 12:35
Виц икона

Медо бил крал во шумата и еден ден наредил секој што живее во кралството да му каже еден виц. Ако вицот не му се допадне, оној што го кажал умира.
Прв дошол зајакот, кажал виц, сите се смееле освен медо, па наредил да го убијат зајакот.
Потоа дошол волкот, кажал виц, сите се смееле освен медо, и така настрадал и волкот.
Поминал еден час, пола животни веќе биле убиени, а на ред била лисицата. Кажала виц, никој не се насмеал, освен медо, кој се смеел до солзи. Сите го гледале зачудено, а тој рекол:
-Леле, ама беше добар вицот на зајакот!

ОкоБоли главаВицФото