Зрнца за храната (5): Поп култура

25.10.2015 19:40
Зрнца за храната (5): Поп култура

За глумците да не загинат за време на снимањето на акционите сцени, во првите денови на филмот целиот „стаклен“ инвентар бил направен од шеќер.

 

Чевлите коишто Чарли Чаплин ги изеде во филмот „Златната треска“ биле направени од зељастата билка по име сладок корен (Glycyrrhiza glabra).

 

Јадливиот долен веш се изработува главно од нанижани шеќерни перлички (бонбончиња) или од ароматизиран желатин. Но може да се најде и од тенко нарежано усолено говедско.

 

Составот на Кока-Кола е строго чувана тајна, но главните состојки се шеќер, карамел, кофеин, фосфорна киселина, сок од лимета, ванила и „7Х“. Во 1993 година компанијата објави дека „7Х“ е мешавина од лимон, портокал, цимет, нероли, мускат и кориандер. Не ги наведоа мерките.

 

Најголемата куќа од медени колачи, со површина од 139 квадратни метри и висина од 20,42 метри, била составена од шест и пол тони медењаци и нешто повеќе од две тони шеќерна глазура; плус една тона шарени слатки.

 

Куќата на вештерката од „Јованче и Марика“ во оригиналот на браќата Грим била од леб и со прозорци од шеќер, а не од медени колачи. Куќичките од медењаци се појавиле во Германија дури во 19 век.

Во теренските порции на француската војска се наоѓаат, меѓу другото, и четири карамели со вкус на ванила.

 

Во земјите во кои коката традиционално се одгледува, чајот од листовите на кока, mate de coca, е сосема легален и се продава во филтер-вреќички.

 

Во повеќето развиени земји постојат библиотеки на тркала, т.н. библиобус. Во Велика Британија постои и кујна на тркала, т.н. Cooking Bus, кој кружи од училиште до училиште и во кој професионалци држат часови по готвење за наставниците и децата.

 

Освен во детските градинки најстроги закони за санитарна исправност на храната владеат во авионите.

 

Во САД секоја година се трошат околу 55 илјади тони прехрамбени бои.

 

Колку и да го избегнуваме јадењето на копнените месождери, морските ни се омилена храна (туна и лосос). Во природата тие се хранат со помали риби, а во рибниците ги хранат со отпадоци од живинарски фарми.

Кората на ананасот се состои од 8 редови штитести сегменти кои спирално се спуштаат налево и од 13 редови кои се спуштаат надесно.

Сончогледовите семки главно растат наредени во 34 спирали во насоката на движење на казалка на саат и во 55 спирали во обратна насока, или во 55 спирали во смер на казалка на саат и 89 спирали обратно.

Броевите 8 и 13, броевите 34 и 55, та 55 и 89 се соседни во низата на Фибоначи.

 

Кога јаболкото хоризонтално ќе го преполовите, во средината ќе најдете ѕвезда петокрака.

 

Во просечен супермаркет има околу 25.000 производи.

 

Урмите ги има на банкнотите на Либија, Алжир и Тунис.

 

„Крал на готвачите и готвач на кралевите“ бил Аугуст Ескофиер.

„Крал на пивото и пиво на кралевите“ е Бадвајзер.

Иако „крал на сирењата“ ги нарекуваат сирењата рокфор, бри и стилтон, „крал на сирењата и сирење на кралевите“ е само еден ‒ пармезанот.

 

Жените што пијат млеко имаат три пати поголема шанса да родат близанци отколку жените што се хранат вегански.

 

Шампињоните имаат помалку калории од зелената салата.

 

Книгите-готвачи базирани на прекрасни фотографии се нарекуваат гастрономска порнографија.

За пената да не се прелие преку работ, пред точење пиво чашата треба да се измие со ладна вода.

 

Чашата за пченично пиво по облик се разликува од чашата за јачмено.

 

Гумата за џвакање од коса најлесно ќе ја извадите со помош на путер од кикирики.

 

Бидете внимателни кога Швајцарците ве викаат на fondue party. Ако лебот од виљушката ви падне во растопеното сирење на сите присутни ќе мора да им платите рунда пиење.

 

Најцврста коска во човечкото тело е виличната коска.

 

Најсилен мускул е јазикот.

 

При голтањето храна учествуваат 14 групи мускули.

 

Јадеме околу еден час на ден, а во целиот живот околу 6 години.

 

Просечен човек во животот јаде околу сто илјади оброци.

 

Хобитите јадат седум пати на ден.

 

Прехрамбениот систем сочинува половина од светскиот имот, работни места и потрошувачки трошоци.

 

Две третини од гладните во светот (а тоа се над милијарда луѓе) живеат во следниве седум земји: Индија, Кина, Конго, Бангладеш, Пакистан, Индонезија и Етиопија.

 

Речиси половината од целата произведена храна на светот се фрла.

Слики: Giuseppi Arcimboldo (1526-1593): Портрет на Рудолф II (најгоре); Есен, Зима, Пролет и Лето (во текстот)

Подготвил: П.В