Ракавицата е фрлена

27.10.2015 04:35
Ракавицата е фрлена

Дека таканаречената меѓународна заедница драматично го смени својот став кон Македонија (на полошо, се разбира) може да се види и од промената на речникот, на изразните средства што ги користат координаторите, олеснувачите, амбасадорите и другите нејзини претставници во земјава. Се разбира, не е исклучено така да почнат да ни се обраќаат и државници кои и не помислуваат да стапнат во земјава.

Тоа што го кажа белгискиот експерт Питер Ванхауте пред новинарите - можно е ЕУ да почне да се однесува кон Македонија како кон Белорусија, владини функционери веќе се на црни листи на некои европски држави; ќе мора сами да си ги решавате вашите проблеми итн. - е само најилустративен доказ не за тоа дека странците се потполно свесни за сè што се случува тука (Ванхауте), туку дека конечно сфатиле оти голем дел од проблемите што сега дошле да ги решаваат ги направиле токму тие. Со нивниот лафонтеновски јазик, алегориите, алузиите и асоцијациите (далечни) од типот ти зборувам ќерко, сети се снао, во нивните извештаи за напредокот на Македонија. Сега им е јасно дека не е важно само што, туку и како се кажува. Особено ако знаеш кому кажуваш. Дури, нема да биде изненадување ако решат да го послушаат и советот на мајка му на Пемба из Ниш - гомнарот со гомнарски изразни средства.

Како што странците побезобразно ќе ги симнуваат дипломатските ракавици, така царинските служби сè почесто ќе откриваат хируршки ракавици во багажот на нашиве владетели.

Извор: Слободен печат
Слика: Странски служби