20 начини како да преживееш во македонска болницa

28.10.2015 10:49
20 начини како да преживееш во македонска болницa

1. Не оди во македонска болница.

2. Ако веќе мораш да одиш биди доктор или директор на болницата.

3. Ако не си ни доктор ни директор на Јавната здравствена установа, а лековите на руските научници и Баба Рада не помагаат, пробај со молитви.

4. Ако ништо од горенаведеното не помага, земи кредит или пари од лихвар за да те третираат подобро.

5. Биди спремен да се вклучиш во тепачка.

6. Одбивај сè што ти нудат додека не пробаат тие први.

7. Носи си постелнина, лекови, инфузија.

8. Викни брза помош. Сега. Ќе дојдат точно кога ќе ти притребаат, за 30-тина години.

9. Купи си греалка. На многу места нема затоплување. Купи си и агрегатор за струја. Затоа што иако нема затоплување, не оставаат вклучување на грејни тела.

10. Биди оптимист, но имај тестамент. Распредели ги долговите на сите поденакво.

11. Купи апарат за алкотест и пред да им дозволиш да ти направат што било, тестирај ги.

12. Не ги оставај да те допираат кога ќе ти речат дека пијани работат подобро.

13. Оди со веќе сварено кафе за сестрите, да не мораш да ги чекаш нив да варат додека те примат.

14. Спреми блузи со долги ракави за наредните две недели затоа што ќе изгледаш како наркоман во раката. Сите што можеа да погодат вена од прва сега земаат крв во Германија

15. Надевај се дека во болницата е дојден странски експерт кој може да те прегледа.

16. Научи се да коегзистираш со кучиња, лебарки и мов.

17. Капи се во антибактериски гел. Три пати дневно.

18. Помири се со твоето непознавање на медицината. Се разбира дека една виршла, две парчиња леб и чај се храна која му е доволна на болен организам да зајакне.

19. Теши се дека кога ќе излезеш барем ќе си послаб/а.

20. Биди медицинско чудо.

Извор: mojo.mk

Слика: Свирачиња