Зрнца за храната (6): Мали истории

29.10.2015 15:04
Зрнца за храната (6): Мали истории

За да ја спречат гладта, корзиканските власти пропишале секое домаќинство да мора да одгледува пет култури: винова лоза, смоква, маслина, дудинка и костен.

 

Три сестри се трите култури ‒ пченка, грав и тиква, во Северна Америка пред доаѓањето на Европјаните секогаш одгледувани заедно. Пченката била потпирка за гравот, гравот ја хранел земјата со јаглерод, а тиквата се распростирала преку големи површини, ја штитела влагата во земјата од испарувања и му одземала животен простор на плевелот.

 

Лубеницата потекнува од Африка, од пустината Калахари. Пред повеќе од 5000 години била одомаќена во Египет, од каде што се проширила најпрвин по Средоземјето, а потоа ширум светот.

 

Козите сме ги доместификувале пред 12 илјади години, овците пред 11, свињите пред 10, а кокошките пред 8 илјади години.

 

Најстарата пронајдена дробилка за ореви потекнува од 4 век пред нашата ера.

 

Првите лажици веројатно биле направени од школки вглавени во процепи на гранчиња.

Првите вреќички за чај биле направени од свила.

 

Во стариот Египет за едно магаре можело да се добијат сто теглички мед.

 

Маслината почнува да старее на 150 години, но плодови може да носи уште неколку стотици, дури и илјада години.

 

Според сегашните сознанија, смоквата е прва доместификувана билка. Робинзон Крусо на пустиот остров куќичката ја направил на смоква. Буда се просветлил под смоква.

 

Првото вино се произведувало веројатно од смокви и урми, а не од грозје.

 

Првите лозја на светот ги посадил старозаветниот Ное во Ерменија.

 

Дури во владеењето на Луј XIV јадењето почнало да се служи последователно. Дотогаш на масата сè се изнесувало истовремено.

Во 1523 во Европа стигнал доматот.

 

„Покрстување на“ „муслиманското“ кафе во 1600 година извршил папата Клемент VIII.

 

Во 1610 во Европа се испил првиот чај.

 

Во 1585 посадени се првите феферони во средна Европа.

 

Во 1674 почнало производството на чоколада за јадење, во форма на валјчиња и погачици.

Во Англија била поднесена „Женска петиција против кафето“.

 

Во 1845 година изумени се коцката шеќер и гумата за џвакање.

 

Роденденските торти постојат од средината на 19 век.

Првиот коктел на светот го послужила некоја Бетси Фланаган 1776 година во Њујорк. Првиот коктел‒бар е отворен 1851 во Лондон.

 

Во 1875 настанала млечната чоколада.

 

Во 1908 креирани се чоколадата Тоблероне, тостерот и чајот во филтер вреќички. Почнало и производството на коцки за супата Маги.

 

Во 1928 настанала првата гума за џвакање од која можеле да се прават балони.

 

Првиот супермаркет на светот отворен е 1937 во Њујорк.

Првиот супермаркет во Европа е отворен 1948 во Цирих.

 

Таткото на конзервата Николас Аперт прв комерцијално произведувал кисели краставици.

 

Првата вградена кујна, позната како „франкфуртска кујна“, ја проектирала во 1926 година архитектката на Баухаус, Грете Лихотски. Кујната била наменета за малите станови во една социјална населба во Франкфурт. Кујната со денес вообичаените споени елементи и висечки орманчиња ја дизајнирала по урнек на кујните во патничките возови и во бродовите.

КОЈ Е КОЈ ВО СВЕТОТ НА ПРЕХРАНБЕНИТЕ ИНОВАЦИИ

 

Томас Адамс ја направил првата гума за џвакање.

 

Николас Аперт ја измислил конзервата.

 

Мелита Бенц го изумила филтерот за кафе.

 

Кажимир Функ го создал концептот за витамини и го измислил самиот збор „витамин“.

 

Пол Фурст ги креирал Моцартовите кугли.

 

Ахилио Гагиа го осмислил современиот апарат за еспресо кој се користи со висок притисок.

 

Едуард Хас ги креирал бонбоните PEZ.

 

Ернест Или го креирал автоматскиот апарат за еспресо.

 

Џон Харви Келог ги измислил пченкарните снегулки.

 

Џон Пембертон ја креирал Кока‒Кола.

Даниел Петер ја направил првата млечна чоколада.

 

Џозеф Пристли ја креирал првата газирана вода.

 

Јакоб Кристоф Рад ја измислил коцката шеќер.

 

Рудолф Ремпер го измислил патентот за стакленка за варење на зимница.

 

Лудвиг Роселиус го измислил кафето без кофеин.

 

Кларенс Саундерс го изумил самопослужувањето.

 

Леви Спеар Пармли го изумил конецот за чистење заби.

 

Томас Саливан ги измислил вреќичките за чај.

 

Ерик Валенберг го креирал тетрапакот.

 

Езра Ворнер го изумил отворачот за конзерви.

 

Сабина Велсерин од Аугсбург е првата авторка на еден готвач.

Слики: Frans Snyders (1579-1657)
Подготвил: П. В.