Мапи на градови претворени во накит

30.10.2015 03:30
Мапи на градови претворени во накит

Накитот направен во форма на мапи од најпознатите градови во светот, насловен You are Here е дело на дизајнерката Талија Авив Винер од Израел.

Талија Сари Винер живее и работи во Тел Авив, Израел. За време на студиите на индустриски дизајн, на Академијата за уметност и дизајн во Ерусалим, Безалел, таа почнува да работи во локална златара. Веднаш се вљубува во материјалите, пропорциите, и занаетот, и сега има своја Etsy интернет продавница.

Покрај деликатниот накит изработен во вид на мапи на градови, оваа дизајнерка прави и ланчиња со контури на јаболка, лего ѓердани во форма на срциња, и накит во многу други разновидни облици. Користејќи напредна технологија во комбинација со рачна изработка за да создаде минималистички парчиња накит со приказна зад секој дизајн, Талија во 2011 година успева да основа и свое студио.

Париз

You are here, накитот дизајниран во облик на минималистички мапи од градови бил изложен и на израелското биенале за накит, за време на неделата на дизајнот во Ерусалим.

Лондон

Овој необичен накит е идеален подарок и можност да поканите некого во вашиот омилен град, но и одлична можност да го „носите“ вашиот идентитет со суптилност и софистицираност.

Париз

Доколку сте раскажувачи, како и слушатели на приказни, најверојатно интуитивно имате потреба да гравитирате – да бидете инстантно транспортирани на посакуваното место. Овој накит на некој магичен начин го овозможува тоа.

Лондон

Ефективното раскажување е посветено и отворено, за да можат слушателите да се препознаат/идентификуваат со различните аспекти кои ги нуди приказната. Можеби не е невозможно навистина да се пронајде сопствениот идентитет, на крајот на краиштата, ние им припаѓаме на луѓето кои ги сакаме, како што и тие ни припаѓаат нам. И со љубовта и лојалноста кои им ги посветуваме и даваме, се формира нашиот идентитет многу повеќе отколку што било кој збор или група би можеле да го направат тоа.

Барселона

Затоа, доколку се одлучите некому да подарите ваков накит, тоа значи дека преку него раскажувате и приказна, а да се подари парче накит кој има своја приказна, значи да се подари едно парче свет.

Барселона

Њујорк

Барселона

Париз

Париз

Париз

Париз

Рим 

Токио

Тел Авив

Токио

Извор: taliasari.com