Зрнца за храната (7): Жан Антелм Брија-Саварен

31.10.2015 15:35
Зрнца за храната (7): Жан Антелм Брија-Саварен

На еден љубител на пиењето за десерт му понудиле грозје. ‒Благодарам ‒ рекол господинот и ја одбил чинијата. ‒ Немам обичај вино да консумирам во пилули.

Жан Антелм Брија-Саварен е еден од најславните готвачи во историјата. Автор е на веројатно највлијателната кулинарска книга на сите времиња, Физиологија на вкусот (1826). Ова дело, своевидни медитации и афоризми, делумно под влијание на стилот на Монтењ, на супериорен начин расправа за задоволствата на трпезата, кои Саварин ги смета за наука. Неговите писателски узори биле стилистите од „стариот режим“: Волтер, Русо, Фенелон, Бифон, Кошен, Дагесо... Освен латинскиот, Саварен зборувал и пет современи јазици, и не се стегал тоа да го покаже во соодветни прилики. Не се двоумел да позајми збор, како на пример англискиот sip (мала голтка) кога францускиот не можел да му послужи во дадената ситуација. Саварин бил следбеник на филозофијата на Епикур; го задоволувало и наједноставното јадење, но само ако било создадено со творечки дух: „Оние кои бутаат неограничено, или кои претеруваат во пиењето, тие се наполно неуки за вистинските начела на исхраната“.

Саварин зад себе оставил некои бесмртни кулинарски согледувања:

 

Откритието на ново јадење за човечката раса е поважно од откритието на нова ѕвезда.

 

Судбината на народот зависи од начинот на којшто луѓето се хранат.

Готвач се станува, но мајстор за печење се раѓа!

 

Десертот без сирење е како убавица на која ѝ фали едно око.

 

Парот сладокусци имаат барем еднаш дневно можност за пријатно дружење, бидејќи дури и оние кои одвоено спијат (а многу ги има) јадат заедно.

 

Сладокуството е една од најтемелните врски во општеството.

Со мајонезот може да се направи сè, освен да се седне врз него.

 

Кој вели „тартуф“, изговара голем збор кој буди еротични и гурмански спомени кај полот кој носи фустани, а гурмански и еротични кај полот кој носи брада.

Накусо, тартуфот е дијамант на кујната.

 

На еден љубител на пиењето за десерт му понудиле грозје.

‒Благодарам ‒ рекол господинот и ја одбил чинијата.

‒Немам обичај вино да консумирам во пилули.

 

Оброк без вино е како ден без сончева светлина.

 

(Секој Први април, на роденденот на Жан Антелм Брија‒Саварен, во неколку земји се одржува Меѓународниот фестивал на јадливата книга.)

МАЛИ ПРАВИЛА ПРИ ПОСЛУЖУВАЊЕТО

На гости на маса јадењето им се служи од лева страна, а пијалакот од десно.

 

Јадењето прво ѝ се послужува на женската особа која седи десно од домаќинот.

 

При послужување риба се претпоставува дека гостинот е дешњак. Главата на рибата на чинијата треба да лежи лево, опашката десно, а стомакот кон гостинот.

 

Никогаш не послужувајте повеќе од пет видови сирења наеднаш!

Слики: Jacob Foppens van Es (околу 1596-1666)

Подготвил: П. В.

ОкоБоли главаВицФото