Споменик на Дарт Вејдер во Одеса

02.11.2015 16:13
Споменик на Дарт Вејдер во Одеса

Популарниот научно-фантастичен серијал Војна на ѕвездите повторно се враќа на сцена, поради новиот постер и трејлер за новиот филм Star Wars:The Force Awakens, како и поради рекордната продажба на билети, особено затоа што филмот ќе почне да се прикажува за нешто помалку од два месеци.

Постои уште една причина поради која овие денови сè почесто ќе го гледате на вашиот news feed. Жителите на градот Одеса во Украина одлучиле дека статуата на основачот на Советскиот Сојуз, Владимир Ленин, треба да се замени со Дарт Вејдер.

Сит-лордот е многу популарен лик кај Украинците, бидејќи се наоѓа во средиштето на движењето против руската окупација, па овој потег е сосема логичен.

Сето тоа е поради законот за декомунизација донесен во април оваа година, со кој е наредено дека сите симболи на комунистичката партија во државата мора да се отстранат. Бидејќи не сакале да ја уништат статуата, Украинците се одлучиле за пофлексибилно решение – ремоделиран Дарт Вејдер. Исто така, постои можност, во главата на статуата да биде вграден Wi-Fi рутер за да може Вејдер „да комуницира со други Ситови“.

Извор: www.geek.hr

 

ОкоБоли главаВицФото