Израелски ресторан им дава 50% попуст на Евреите и Арапите кои јадат заедно

03.11.2015 16:25
Израелски ресторан им дава 50% попуст на Евреите и Арапите кои јадат заедно

Коби Зафрир, 32-годишен сопственик на ресторан, смислил одличен план за постигнување на мир и решавање на израелско-палестинскиот конфликт, обидувајќи се да ги смири овие народи со хумус!

Тој нуди 50% попуст за Арапите и Евреите кои ќе одлучат да ги споделат популарните специјалитети со хумус од Блискиот-Исток кои се наоѓаат на менито во неговиот ресторан во Тел Авив, Hummus Bar.

„Се плашите ли од Арапите? Се плашите ли од Евреите?“, стои на хебрејски на постерот на страницата на ресторанот на Фејсбук.

„Ние овде немаме Арапи, немаме ниту Евреи ... Но, имаме хумус! И имаме одличен вистински арапски хумус! И превкусен еврејски фалафел! Тој, исто така нуди и бесплатни додатоци за сите порции хумус, без разлика дали сте „Арапи, Евреи, Христијани, Индијци, итн.“

Коби открива дека откако ја измислил понудата се зголемил бројот на Арапите и Евреите кои свратувале во неговиот ресторан. „Ако постои нешто што може да ги зближи овие народи, тоа е хумусот“ – вели тој. Коби признава дека неговите муштерии настапиле со поголема поддршка од очекуваното и од она за што тој се залагал со оваа понуда, додавајќи дека сето тоа не било само поради попустот. Тој за Al Jazeera изјавил дека сака да му покаже на светот дека сите Арапи и Евреи не го поддржуваат насилството во регионот.

„Слушам многу лоши работи во медиумите, и затоа сакав да направам нешто добро. Сакам да ја претставам добрата страна на мојата убава земја. Израел е прекрасна земја и многу подобра од начинот на кој се прикажува во медиумите. Ние сме луѓе кои се залагаат за мир и правда.“ Моментот на кој е најгорд, вели тој, е кога муслимански и еврејски службеник седнале да јадат заедно.

Иако е свесен дека треба повеќе да се работи за да се постигне мир меѓу Арапите и Евреите, Коби Зафрир вели дека споделувањето храна е добар почеток. „Јадете хумус! Тоа е вкусна храна која прави да се чувствувате среќно и спокојно“ – советува тој.

Извoр: www.washingtonpost.com

 

ОкоБоли главаВицФото