Колоритен накит од дрвени боички

03.11.2015 17:37
Колоритен накит од дрвени боички

Дизајнерката на накит Ана Чурлејова од Чешка, дрвените боички ги претвора во чудесни брошеви, ланчиња и обетки.

Тоа го прави со мешање на различните делови од дрвените боички за да добие прекрасни, колоритни слоеви: краевите, кога се преполовени, се претвораат во хексагонални структури и наликуваат на модели на медено саќе, а кога моливчињата во боја ќе се поделат по должина, создаваат шарени пругасти ефекти. Елементите се подредени во делови, а едно парче накит често содржи повеќе мотиви.

Откако дизајнот е завршен, за да го комплетира изгледот на овој необичен накит, Чурлејова го премачкува со проѕирен лак, кој му дава блескав сјај.
Дизајнерката Ана Чурлејова нејзините шарени креации ги продава преку интернет продавницата Etsy.

Извор:frozencrafts.tumblr.com