Фабрика за среќа: Шишиња во кои може да се спакува емоција

07.11.2015 14:49
Фабрика за среќа: Шишиња во кои може да се спакува емоција

Happiness Factory е студио за уметност и дизајн на луѓето кои работат на блогот Happiness is a Beginning, создадено оваа година во Париз, од страна на тројца пријатели, Флоријан, Гил и Тристан.

Happiness Brewery е уметнички проект, преку кој тие споделуваат емоции кои луѓето им ги испраќаат преку e-мејл, а тие ги печатат на етикети, кои го наоѓаат своето место на шишиња во различни големини.

Моментално, учесниците во проектот напорно работат за да ги произведат овие предмети за луѓе кои се заинтересирани да имаат свој личен напиток, и секој од нив да добие цена. На крајот на краиштата, ова е проект за „споделување љубов“, кој може да доведе до објавување на книга или отворање на изложба во Париз.


Тие бираат приказни соодветни на нивниот емоционален потенцијал, обидувајќи се да не бидат редундантни и да ја зачуваат оригиналната енергија која стои зад оваа идеја. Шишињата се празни, па останува на нивните сопственици да одлучат дали во нив ќе стават парфем, алкохол, или што и да посакаат.


Извор: www.ignant.de

 

ОкоБоли главаВицФото