Накит од рециклирани електрични кабли

07.11.2015 16:18
Накит од електрични кабли

Секоја година се произведува речиси 50 милиони тони електронски отпад, а огромен дел од него завршува во депонии. Таквиот отпад се нарекува е-waste.

Е-waste е популарен, неформален назив за електронски производи кои се на крајот на својот „животен век“. Компјутери, телевизори, видеорекордери, стерео, копири, факс машини и други електронски производи. Многу од овие производи можат да се искористат, обноват, или да се рециклираат.

Накитот изработен во вид на јазли од електрични кабли, е моден додаток направен токму од таков електронски отпад, од страна на еколошкиот центар The Lower East Side Ecology Center Gowanus во Бруклин.

Секој ѓердан е рачно изработен и претставува еколошки освестено парче накит. Направен е од рециклирани електрични кабли за интернет приклучок, аудио кабли и аудио приклучоци.


Извор: www.designboom.com

 

ОкоБоли главаВицФото