Мојата врана

15.11.2015 11:37

Врана слета на дрво спроти мојот прозорец.
Тоа не беше враната на Тед Хјуз, ниту враната на Голвеј.
Ни на Фрост, ни на Пастернак, ни на Лорка враната.
Ниту една од Хомеровите врани, сита од крвта
после битка. Ова беше просто - врана.
Никогаш во својот живот нигде не била вклопена
и ништо не направила вредно за помен.
Седеше таму на гранката неколку минути.
Тогаш се собра и убаво си одлета
од мојот живот.

Препев: П. В.

Оригиналната песна

Рејмонд Карвер (Raymond Carver, 1939-1988), американски писател, најпознат по своите лесно читливи и заводливи раскази. Неговиот живот и тешкотиите кои постојано го следеле му пружиле најголем дел од материјалот кој го вградил во своето пишување, кое често се фокусира врз изгубените соништа, пропаднати врски и разочарување. Се смета за еден од врвните раскажувачи од англиското говорно подрачје и му се припишуваат заслуги за обнова на интересот на публиката кон оваа книжевна форма во 1980-те. Како поет - иако неговата поезија не е толку прославена како прозата - Карвер ја има истата сила, искажана со истите минимални средства.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото