Спиење

16.11.2015 18:19

Спиеше на своите раце.
На карпа.
На нозе.
На туѓи нозе.
Спиеше по автобуси, возови, авиони.
Спиеше на работа.
Спиеше крај пат.
Спиеше врз вреќа со јаболки.
Спиеше во платен клозет.
Во пласт сено.
Во катедрала.
Спиеше во јагуар и во заден дел од камион.
Спиеше по театри.
Во затвор.
На чамци.
Спиеше во една од логорските колиби, а еднаш во замок.
Спиеше на дожд.
На сонце што создава пликови.
На коњ, јавајќи.
Спиеше во фотелји, цркви, во луксузни хотели.
Спиеше под непознати покриви цел живот.
Сега спие под земја.
Спие и спие сè потаму.
Како некој стар крал.

Препев: П. В.

Рејмонд Карвер (1939-1988), американски писател, најпознат по своите лесно читливи и заводливи раскази. Неговиот живот и тешкотиите кои постојано го следеле му пружиле најголем дел од материјалот кој го вградил во своето пишување, кое често се фокусира врз изгубените соништа, пропаднати врски и разочарување. Се смета за еден од врвните раскажувачи од англиското говорно подрачје и му се припишуваат заслуги за обнова на интересот на публиката кон оваа книжевна форма во 1980-те. Како поет - иако неговата поезија не е толку прославена како прозата - Карвер ја има истата сила, искажана со истите минимални средства.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото