Роднини

17.11.2015 01:46
Роднини

Роднини

Сите нешта се во сродство:
вили и виљушки
мечови и ножови
лопати и лажици.

Вилите и виљушките се роднини
по името и намената:
демнат по животите
на салатите и сеното.

Меѓутоа, додека витешките мечови
од турнир во турнир ѕвечкаат
нивните синови, ножовите,
на лупење компири ги влечкаат.

И лажиците се ќерки на лопатите
(поетов од двете денес купи
зашто би сакал да копа со лажица
и со лопата да срка супа).

 

Брзите кукавици

кукавиците се кутри птички
што немаат ни свое гнездо.

затоа вредните и брзи кукавици
се вработуваат кај ѕидните часовници
како домашни помошнички
кои кукаат точно време.

да речеме вака (бодро):

куку куку куку куку
куку куку куку

што значи:

часот е еден два три четири
пет шест седум наутро
доброутро
да ѕирнема надвор?

или пак вака (сонливо):

куку куку куку куку куку
куку куку куку куку

што значи:

часот е еден два три четири пет
шест седум осум девет навечер
да ѕирнеме под клепки?
добра ноќ.

Борис А. Новак (1953), Словенечки поет, драматург и уредник. Роден е во Белград, каде го поминал раното детство. Студирал компаративна книжевност и филозофија на Универзитетот во Љубљана и работел како драматург во Словенечкиот национален театар. Во 2002 година бил избран за заменик претседател на меѓународниот ПЕН. Автор е на петнаесетина поетски книги и седум книги со песни за деца. Пишувал куклени претстави и радио драми за деца.

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.
Слики: Анатолиј Елисеев

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото