Фосфоресцентен накит од дрво и смола

17.11.2015 05:03
Накит од дрво и смола

Брита Бекман е германска дизајнерка која живее во Мелбурн и поголемиот дел од своето време го посветува на создавање накит инспириран од флората и фауната на Австралија.

Таа ја започнува својата кариера во студиото Wangaratta Woodworkers, каде што научила различни техники за изработка на накит. Тогаш го основала својот бренд BoldB.

Оттогаш Бекман изработува обетки, ланчиња и прстени од фрагменти од дрво, спојувајќи ги со смола. Боите на смолата и формите на дрвото се менуваат, а таа дошла до идеја да направи и колекција од фосфоресцентен накит.

Секое парче накит е рачно изработено, а за да добие, според нејзината замисла совршени произоди од овие природни материјали, дизајнерката користи калапи, лакови и посебни техники за брусење.

Извор: www.fubiz.net