Реакцијата на Шарли Ебдо на масакрот во Париз

18.11.2015 10:56
Реакцијата на Шарли Ебдо на масакрот во Париз

Сатиричното списание „Шарли Ебдо“ кое во јануари оваа година изгуби единаесет од своите членови во нападот на редакцијата, останува пркосно и по последните трагични настани во Париз.

„Шарли Ебдо“ објави насловна страница во новото издание, која утре ќе се најде на продажба.
На црвената насловна страница под цртежот на изрешетаниот човек во славеничко расположение пишува: „Тие имаат оружје. Кој ги ***, ние имаме шампањ”.

Повеќе од 300 лица се повредени, а најмалку 129 беа убиени во серијата терористички напади во Париз во петокот. Атмосферата во Париз во последните неколку дена, многумина ги потсети на состојбата во државата по 7 јануари минатата година, кога браќата Саид и Шериф Куаши, членови на јеменскиот огранок на Ал-Каеда, нападнаа во редакцијата на сатиричното списание „Шарли Ебдо“ и убија единаесет новинари.

Извор:www.b92.net

 

ОкоБоли главаВицФото