Архитектонските фотографии на Роланд Шанидзе

18.11.2015 13:12
Архитектонските фотографии на Роланд Шаниѕе

Фотографот Роланд Шанидзе, кој живее и работи во Торонто, ја овековечува архитектурата на градот и местата коишто ги посетува. Tој е дипломиран студент по општествени науки на Универзитетот Јорк и неговата фотографија е главно фокусирана на архитектура, на ентериери и екстериери.

Најголемиот дел од фотографиите се направени во Торонто, Монтреал, Квебек, Отава, Лондон, како и во неговата родна Грузија. Уметникот си игра со перспективите за да ги долови суптилностите на објектите, давајќи им атипичен агол на набљудување.

Конструкциите може да се гледаат како апстрактни скулптури. Фотографот ги користи интензивните бои за да го примами погледот на гледачот со некои мали детали.

Роланд користи HDR алатки за да ја трансформира презентацијата на сликите со архитектонски елементи. Самоук, тој ја користи секоја можност за да прави фотографии и да експериментира со нив, играјќи си со линиите, моделите, светлината и селективните бои“.


Извор:www.fubiz.net

Слични содржини

Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија
Јавни простори / Фотографија / Книжевност

ОкоБоли главаВицФото