Нова субвенција: Секој што ќе изгради студентски дом ќе добие 200 партиски омладинци да ги смести гратис

18.11.2015 17:25
Нова субвенција: Секој што ќе изгради студентски дом ќе добие 200 партиски омладинци да ги смести гратис

Скопје, 18 ноември 2015

Со субвенции од 100 и од 250 евра Владата ќе ја помага изградбата на приватни градинки, студентски домови и домови за стари лица, најави денеска премиерот Никола Груевски при посетата на Бардовци и Злокуќани.

Тој најави дека за да не се губи време и да се чека самиот да најде локација за студентски дом, тоа ќе го остави на приватниците да го направат побрзо. За возврат тој ќе им обезбеди субвенции, кои нема да бидат само парични, особено за студентските домови.

– Очекуваме да се обезбеди капацитет за околу 400 студенти во приватни студентски домови, а секој кој ќе инвестира во оваа благородна работа ќе добие субвенција од 200 наши членови од подмладокот да ги смести гратис – рече Груевски.

Извор: www.kozanostra.net