Смислата на постоењето

18.11.2015 17:10

Сè освен јазикот
ја знае смислата на постоењето.
Дрвјата, планетите, реките, времето
не знаат ништо друго. Ја изразуваат
миг по миг, како универзумот.

Дури и ова будалесто тело
живее во тоа семејство
и ќе беше рамноправен дел од него
да не беше слепата слобода
на мојот брблив ум.

Препев: Николина Андова Шопова

Лес Мареј (Les Murray, 1938), австралиски поет, критичар, уредник... Неговата кариера се протега низ повеќе од четириесет години. Објавил околу 30 книги поезија, два романа и неколку збирки со раскази. За својата поезија добил многу награди и се смета за „еден од водечките поети на својата генерација."

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото