Делфин

19.11.2015 14:17

Делфину мој, само ти неочекувано ме поведуваш,
мене заточениот, како вештиот Расин*
воден што беше низ лавиринт од железни форми
со неспоредливиот заталкан глас на Федра.
Додека бев со поматен ум, ти кон телото ми тргна
со зграпчената џелатска јамка од истрошени стихови,
со стаклестото гудење и стругање на мојата желба...
Седев и слушнав премногу
зборови од предавничката муза,
и плетев можеби прелевтерно сплетки со својот живот,
не избегнувајќи да повредам други,
не избегнувајќи да се повредам себе -
за да барам милост... книгава, половина фантазија,
мрежа од човек направена за јагула што се бори -

очите ми видоа што раката моја створи.

Препев: П. В.

Оригиналната песна

*Расин (Жан Расин, 1639-1699), француски поет и драмски писател. Федра е негова најпозната трагедија создадена врз основа на старогрчкиот мит. Федра е ќерка на критскиот крал Миној и на Пасифаја, а втора жена е на кралот Тезеј, вљубена во својот посвоен син Иполит, итн.

Роберт Ловел (Robert Lowell,1917-1977), американски поет, кој се смета за основач на конфесионалната (исповедната) поетска струја (кон која припаѓале и Силвија Плат, Ен Секстон, Џон Беримен, Дајана Вакоски и други). Мошне влијателен во поетските кругови, ги добил сите најважни американски награди за поезија.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото