Родителите

19.11.2015 16:04
Родителите

Вистинските родители, вистина е вруќа,
не растат зад секој агол, во секоја куќа.
Вистинските примероци се ретки ѕверки
подарени на вистински синови и ќерки.

Вистинските родители никогаш не се стари
за трумбарумба и ларифари,
за козакламф или за бубалази
и такви трумбарумбастаци разни.

Вистинските родители се снаодливи
и живи и послушни и доверливи,
нè водат, во денови на сончева пролет
покрај својата работа и нашето школо

‒ во враголија и трумбарење!
Вистинските со нас се во секое време,
а некогаш ко малецки по нешто кријат,
па ги милуваме и ставаме да спијат!

Превод: Александар Поповски
Корекција на преводот: П. В.
Слика: Marla Frazee

Тоне Павчек (1928-2011), еден од највлијателните словенечки поети, преведувачи и есеисти од првата повоена генерација. Објавил седумнаесет поетски збирки за деца, шест сликовници и петнаесетина поетски книги за возрасни, како и четири книги со есеи. На словенечки превел поезија од Ана Ахматова, Марина Цветаева, Сергеј Есенин, Борис Пастернак и Владимир Мајаковски.

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото