Грујо, ти си Хитлерче и само него можеш да го цитираш!

20.11.2015 10:40
Грујо, ти си Хитлерче и само него можеш да го цитираш!

Ајнштајн тебе да ти го начука, мајмуне, а за Де Гол можеш само да сонуваш! Tи си Хитлерче и само него можеш да го цитираш!

 

Грујо држи говор, и гледам и слушам дека нему и на Мартин Протуѓер им текнало јака идеја според формулата МИЛЕ МИ ТЕКНА, во говорот да ги цитираат Ајнштајн, Де Гол, Делчев, Тачер и Ганди.

И го гледаш ова гомно мафијашко како лупа глупости, целиот поразен и потиштен по 10 години дивеење и урлање во оваа сирота земја, конечно прочитан, посрамен, оптишан и спакуван за во Идризово, и за крај во последниот свој говор како премиер ги цитира овие големи луѓе кои со ништо не заслужиле никој вака да ги бербати и брука.

Да имаше некаква светска полиција за заштита на ликот и делото на овие големи историски ликови и политички и интелектуални величини, требаше некој од нив да се симне со падобран и да му пука на Грујо со сачмарка во тоа фацата коцкеста.

Грујо е сè против што овие големи луѓе се бореле целиот свој живот. Ајнштајн, на пример, добил понуда да биде прв претседател на Израел и одбил поради скромност и страв дека ќе наштети некому и нема да знае како доволно добро да владее. Сакал да си остане научник и филозоф, иако многу помогнал за она што се нарекува Ционизам, т.е движењето за формирање на израелската држава. Да не зборувам за неговиот интелект и други квалитети кои Грујо се обиде да се претстави дека ги цени и разбира.

Од друга страна, Грујо се држи за премиерската фотелја како селски крлеж закачен за муда, не се вади па по цена и главата да му остане во ткивото за кое е закачен! 10 години премиер, 2 години министер за финансии и една година министер за трговија, 13 години ова човече оди во влада и има биро, секретарка, шофер и државна плата!

За државниците Шарл Де Гол, пак, и за Тачер и Ганди, Грујо за нив е тотален антипод. Ганди се борел против Велика Британија кога таа била она што сега е САД и успеал да победи без притоа да крене рака, ниту пак да дозволи некој во Индија да крене рака во знак на насилство. Слушнавме дека Грујо наредувал физички напад врз Андреј Жерновски и како се кикоти клето врз судбината на бизнисменот Фијат Цановски.

Исто така Ганди бил многу скромен, се шетал цело време со еден бел чаршаф и еден дрвен стап, додека Грујо се возика во Мерџо од 660.000 евра иако Македонија е 1.000 пати помала од Индија!

Тачер била вистински десничар, го вратила капитализмот во Британија и храбро се борела со левите забегувања, додека Грујо владее комунистички, со тактиката КУПИ ДЕН ПОМИНИ. Грујо нема визија ниту стратегија, тој има само тактика од ден за ден, улични мајмунарии како да се изгребе за уште некој месец престој во премиерската фотелја.

Шарл Де Гол го предводел отпорот против фашистите, додека Грујо е правиот фашист во земјава. Сè што тој може да прави е да го цитира Хитлер, кога веќе го емулира во земјава и прави речиси сè што овој правел пред речиси еден век!

Извор: Мактел
Слика:
 Александар Јосифовски