За „времето на вмро“ кое ни уништи девет години од животот

24.11.2015 04:40
За „времето на вмро“ кое ни уништи девет години од животот

Бидејќи ми здосади онаа реторика „во времето на сдсм“, би сакал да се присетиме на едно поново време, кое на мојата генерација ѝ уништи девет години од животот.

- Во времето на вмро се тепаа студенти на плоштад.

- Во времето на вмро се затвораа медиуми, новинари лежеа затвор и умираа на чуден начин.

- Во времето на вмро пола младина си замина во туѓина.

- Во времето на вмро полицијата уби дете на плоштад, а државата се обиде да го сокрие тоа.

- Во времето на вмро етничките, религиозните, расните, половите, сексуалните и сите други
поделби сè повеќе се зацврстуваа од страна на државата.

- Во времето на вмро се тепаа пратеници и беа избркани од Собрание.

- Во времето на вмро, народот немаше ни за леб, а власта трошеше на чоколадо.

- Во времето на вмро неуспешно имаше обид да се инсценира меѓуетнички конфликт во Куманово.

- Во времето на вмро главниот град ни се претвори во грдотија и циркус.

- Во времето на вмро болниците ни се претворија во умиралишта.

- Во времето на вмро се вработија сите неписмени кадри во државата, додека оние стручните бегаа подалеку од земјава.

- Во времето на вмро ни се уништи целосно образовниот систем, а како славенички печат на уништувањето на писменоста беше екстерното тестирање.

- Во времето на вмро се кршеше неколкупати лгбти центарот, се каменуваа и тепаа лгбт луѓе, а власта го штитеше насилникот.

- Во времето на вмро имаше десетици мoнтирaни пoлицискo-судски прoцеси.

- Во времето на вмро уметниците и интелектуалците се третираа како еретиците во Средниот век.

- Во времето на вмро секојдневно имавме омраза и насилство на улиците, а никој не се казнуваше за тоа, туку се охрабруваше.

- Во времето на вмро масовно се прислушкуваа над 20.000 граѓани од страна на државата.

- Во времето на вмро државата ја изгуби својата секуларност, а државата и црквата станаа едно.

- Во времето на вмро во 21 век ние се бавевме со „странски служби“ и „мрачни сили“.

- Во времето на вмро секојдневно се соочувавме со закани и притисоци врз секој што сакаше да се побуни.

- Во времето на вмро неписменоста и простаклукот станаа власт и закон и ни се промени целата ментална матрица, што ќе треба многу време да ја стабилизираме.

- Во времето на вмро секој ден живеевме со страв, насилство и омраза, државата нè тераше да ја замразиме сопствената татковина и ни уништи една деценија од младоста.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Ковачевски