Соба што може да ја носите со себе

24.11.2015 12:40
Соба што може да ја носите со себе

Koмпактната монтажна кутија „Travelbox“ е практичен предлог за оние кои често се движат наоколу и сакаат да патуваат само со основните парчиња мебел.

Австрискoто дизајнерско студио Juust Design создале компактна монтажна кутија во која се сместени кревет, маса, велосипед, столица и полици за складирање. Насловен Travelbox, дизајнот е практичен предлог за оние кои често се движат наоколу и сакаат да патуваат само со основните парчиња мебел.

Оваа соба е изградена од масивно дабово дрво и има тенки надворешни алуминиумски школки. За идејата која стои зад проектот Travelbox, дизајнерите велат: „Наместо да бидете зависни од постојано купување нов мебел во секоја од дестинациите, а тоа е пристап кој е скап и непотребен за животната средина, Travelbox дава приоритет на квалитетот и отвора можност за повторна употреба“.


Извор: www.ignant.de