Што можеше да се направи со парите од палмите?

25.11.2015 13:51
Што можеше да се направи со парите од палмите?

Граѓани и активисти од Прилеп, Скопје, Велес, Ресен и Гевгелија спроведоа улична акција против непотребните трошења и на властите им порачаа: Наши пари за наши потреби!

Палмите кои никнаа низ градовите се уште еден симбол за трошењето на чоколада кога немаме ни за леб. Палмите се скапи да се набават, скапи за одржување, бараат посебна заштита и може да влијаат врз нарушување на природната рамнотежа во областите каде што се насадени.

Граѓаните посочија што можеше да се направи со парите кои беа потрошени на палмите. Граѓаните знаат дека со парите од палмите можеше подобро!

-Со 1 милион евра потрошени на палмите можеше да се исчисти троската зад велешката Топилница!
-Со парите од палмите Гевгелија можеше да добие нови водоснабдителни бунари и да се спаси од арсенот!
-Со 500 илјади евра потрошени на палми можеше да се реновира прилепската болница!
-Со парите од палмите можеше да се уреди парк-шумата Гази Баба!
-Со парите од палмите струшката вода можеше да се хлорира и да биде исправна за пиење во наредните 10 години!
-Со парите од палмите можеа да се излекуваат десетици деца од тешки болести!

ОкоБоли главаВицФото