Ерина Богоева: Нежната страна на скопскиот брутализам

25.11.2015 18:33
Ерина Богоева: Нежната страна на скопскиот брутализам

За Ерина Богоева (poison_grl)  , фотографијата на почетокот била само еден вид „издувен вентил“, но по подолго време интензивна дружба со фотоапаратот, постепено прераснува во професија.

„Откако паметам за себе, сакав да ги задржувам моментите низ животот. Затоа фотографијата се покажа како одлична уметност за мене. Мобилната фотографија ми овозможи многу лесно да „фаќам белешки“ од секојдневните моменти околу мене“, вели оваа фотографка.

Таа потенцира дека е родена и израсната „во срцето на скопскиот брутализам“, па оттука, не изненадува тоа што во изборот од десет Инстаграм фотографии преовладуваат токму ваквите мотиви од Скопје, надополнет со фотографии со урбани мотиви од други градови.