Камен и човек (духовна песна на американските црнци)

25.11.2015 20:11

Не знам себе да се скријам.
Не знам себе да се скријам.
Отидов до карпата, во карпа
ликот свој да го збијам.
Карпата рече:
никогаш нема да те скријам!
О, карпата рече:
никогаш нема да те скријам!
Не знам себе да се скријам.
Карпата рече: ќе се тргнам,
ќе те скршам, тргни се,
ќе се тргнам, ќе те скршам,
тргни се, рече карпата.
Не знам себе да се скријам.
Отидов до карпата, на карпа
солзи да леам.
Карпата рече:
и јас горам, болно ми е!
О, карпата рече:
и јас горам, болно ми е!
Не знам себе да се скријам.
Карпата рече: и јас сакам
во небеса, и јас горам,
и јас сакам во небеса,
и јас горам, рече карпата.
Не знам себе да се скријам.

Препев: П. В.

Шандор Вереш (Sándor Weöres, 1913-1989), унгарски поет, естет, преведувач... Како чудо од дете во јавноста се појавува уште на 14 години со формално совршени класични стихови. Како ретко кој владеел со поетската техника и со вербалната снага. Објавил дваесетина стихозбирки. Преведуван е на сите поголеми светски јазици, особено во Англија, Германија и САД.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото