Пинокио

26.11.2015 15:32
Виц икона

Свети Петар си дремел пред седефната порта, кајшто ги примал умрените. Наишол Христ и му понудил на уморниот Петар малку да го одмени. Баш добро, рекол Петар и си заминал, оставајќи го Христа пред портата. И така Христ си седи таму, кога, по некое време, пред портата доклинкало едно деденце, прашувајќи дали може да влезе. И ја почнал Христ процедурата, сè по ред, нели, го прашува за неговиот изминат живот. А колку дедото повеќе зборува, толку на Христ му е поинтересно.
-Пораснав во мало место, вели дедото. Бев дрводелец.
-Навистина?, вели Христ.
-Имав син-единец и сакав еден ден тој да ја преземе мојата работа.
-Аха?
-Но господ имаше други планови со него. Мојот син си замина од дома, во светот.
-Навистина?
-И стана насекаде познат.
Тука Христ толку се возбудил што не можел да се воздржи. –Оче!, извикал.
А дедото го гледа и вели: Пинокио, сине, ти ли си?

ОкоБоли главаВицФото