Живот-сенка

27.11.2015 16:48

Наведнат над мостот
сопствената сенка
во бистрата вода на потокот ја гледам -
на површината, и во длабочината,
и на каменото дно.

О, колку
сјајни шарени риби
ја прободуваат секој миг!

Препев: П. В.

Сачинанд Хирананд Ватсјајан (Saccidanand Hirananand Vatsyayan Ajney, 1911-1987), популарно познат под неговиот псевдоним Ајнеј (или Агеј - Непознатиот) е индиски поет, зачетник на модерните трендови не само во поезијата на хинду јазикот, туку и во областа на белетристиката, критиката и журнализмот. Тој е еден од највидните претставници на Nayi kavita (Новата Поезија) на хинду. 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото