Село во ноќ

28.11.2015 19:39

Бруењето на штурците
го успало селото;
сега бели јажиња чад
полека
како колепки
домовите ги нишаат.

Препев: П. В.

Сачинанд Хирананд Ватсјајан (Saccidanand Hirananand Vatsyayan Ajney, 1911-1987), популарно познат под неговиот псевдоним Ајнеј (или Агеј - Непознатиот) е индиски поет, зачетник на модерните трендови не само во поезијата на хинду јазикот, туку и во областа на белетристиката, критиката и журнализмот. Тој е еден од највидните претставници на Nayi kavita (Новата Поезија) на хинду. Постојано патувал и низ Индија и во странство. Меѓу 1961 и 1964 година предавал на Беркли, во Калифорнија. Во 1965 година се враќа во Индија.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото