Граѓаните пред влада

02.12.15 16:18

„Граѓаните за Македонија“, вчера се собраа пред Влада со големи букви кои ги држеа активистите и заедно направија натпис „Заслужуваме подобро!“.

Од Коалицијата велат дека граѓаните не заслужуваат власт што краде и лаже, дека тие имаат право да ги контролираат политичарите, да ја знаат нивната имотна состојба и да бидат прашани како се трошат нивните пари.

„Бараме да бидеме прашани како ќе се трошат нашите пари. Заслужуваме јавните пари да се користат за вистинските потреби на граѓаните. Повеќе не сакаме и нема да дозволиме нашите пари да одат на споменици, бронзени огради, мерцедеси и патувања. Не заслужуваме власт која ги задолжува нашите деца и внуци. Не заслужуваме власт која неодговорно троши на чоколада, кога немаме ни за леб. Од 2006 досега, власта нè задолжила повеќе од 4 милијарди долари. Кој ќе ги враќа овие пари?“, порачаа активистите.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото