Исечена новогодишната елка на скопскиот плоштад!

14.12.2015 03:38
Исечена новогодишната елка на скопскиот плоштад!

Скопје, 14 декември 2015

Новогодишната елка која пред два дена беше поставена на скопскиот плоштад „Македонија“ синоќа околу полноќ беше исечена.

Градските власти објаснуваат дека на нејзино место треба да биде поставена бронзена новогодишна палма, која подобро ќе се вклопи во амбиентот на главниот град.

Идејното решение за статуата-палма е на Коце Трајановски, кој лично, со моторна пила, свечено ја засече првата гранка од новогодишното стебло.

„Китењето палми е стара македонска традиција која датира уште од времето на Аминта Трети. Со поставувањето на бронзената палма се навраќаме кон нашите корени и ја негуваме македонската култура“, изјави Коце Трајановски за Пара вести.

Тој додаде дека првиот лампион на новогодишната палма ќе го закачат специјалните гости од кралството Хунза, кои ќе бидат дел од новогодишната семакедонска забава на плоштадот, заедно со субвенционираните македонски естрадни ѕвезди.

„Во мојот дом исто така нема да украсуваме елка, зашто постои опасност дека ќе ја исечам, исто како и минатите години. Лампионите ги редиме на дорски столб“, откри градоначалникот Трајановски ексклузивно за Пара вести.

 

Новогодишната „елка“ на Коце Трајановски (Слика: В. Лукаш)