Најголемиот вуду пазар на светот

17.12.2015 13:14
Најголемиот вуду пазар на светот

Кога не се чувствуваме добро, одиме на лекар, а потоа во аптека. На некои места во светот, кога некој ќе се разболи, посетува вуду свештеник, а потоа и пазарот со вуду лекови. Веројатно на тие луѓе им е бизарен нашиот начин на лечење, како што нам ни е бизарен нивниот.

Еден таков вуду пазар се наоѓа во Ломе, главниот град на државата Того. Акодесева фетиш пазарот е познат како најголем пазар на фетиши во светот, местото каде што вуду практичарот може да најде сè што му е потребно за неговите ритуали. (Кога велиме фетиш пазар, мислиме на фетишизмот кој во етнологијата се поврзува со предмет за која се верува дека има натприродна моќ, а не станува збор за сексуална фетишизација).


Во земјите како што се Того, Гана и Нигерија, Вуду религијата сè уште е многу популарна. Оние кои ја практикуваат веруваат дека животинските делови од телото и чудните талисмани имаат лековита и иселителна моќ која ќе ги реши сите нивни проблеми.

И ако постои едно место во светот каде што вуду свештениците можат да набават сè што им е потребно за ритуал, тогаш тоа е Акодесева Фетиш пазарот. Едноставно, наместо аптеките со конвенционални лекови, ова е аптека со различни делови од тела на животни, статуи и лековити билки.


Христијанството и исламот во минатиот век толку брзо се прошириле во цела Африка што многумина мислеле дека традиционалните локални религии како што е вуду религијата, целосно ќе исчезнат. Меѓутоа, новите извештаи покажуваат дека милиони африканци во суб-сахарскиот регион сè уште ја практикуваат религијата на своите предци, верувајќи во вештерки, зли духови и принесување жртви.

„Станува збор за тоа дека овде е застапен голем процент на муслимани и христијани, всушност многу религиозни муслимани и христијани кои го задржале и верувањето во вуду религијата и кои учествуваат во африкански традиционални верувања и практики“ – вели Алан Куперман, соработник директор на Pew, Форумот на истражувачкиот центар за религии и јавен живот.


Оние кои ја посетиле земјата велат дека ова место едноставно е лудо. Доколку наминете со цел само да погледнете што се случува таму, најверојатно ќе завршите на некоја тезга преговарајќи околу цената на талисманите за кои не знаете апсолутно ништо. Трговците се многу искусни, тие знаат како да ви се вовлечат под кожа и како да ве убедат да купите барем некој сувенир.

Вуду трговците имаат производи собрани од сите краеви на Западна Африка, и без разлика на вашиот проблем, тие тврдат дека имаат решение. Исто така тврдат дека можат да им помогнат на сите во светот, и дека секогаш кога некој има проблем и кога нема други опции, доаѓа на овој пазар во потрага по решение.


Јозеф Або, водич низ пазарот, вели дека владата знае за нив, но дека тие не прават ништо незаконски, и не ги убиваат животните кои ги нудат на пазарот. Покрај тоа, тие практикуваат бела магија.

„Ние можеме секому да му помогнеме. На пример, на луѓето кои не можат да имаат деца. Ако вие и вашиот брачен партнер не сте добиле бебе и по десет години обидување, одите во болница каде што не можат да ви помогнат, ние на овој пазар имаме некои лекови кои можат да ѝ помогнат на жената да добие дете.“

„Големите коски се користат за заштита на луѓето и куќата. Секоја година вуду свештеници одат од село во село и подготвуваат „заштитник на куќата“. Оние мали скулптури им ги продаваме на туристи кои доаѓаат од сите делови на светот на нашиот пазар кој е најголемиот пазар за фетиши во светот “ – додава Јозеф Або.


Постојат многу фотографии од овој вуду пазар, но ги одбравме оние со најмалку вознемирувачка содржина (колку што е тоа можно), а сепак притоа да се долови што сè може да се купи на ова чудно место.

Извор:pixelizam.com
 

ОкоБоли главаВицФото