Најдобрите вицови за груевизмот во 2015!

04.01.2016 13:11
Најдобрите вицови за груевизмот во 2015!

Грујо и мерцедесот

Излегол Груевски да го провози мерцедесот од 600.000 евра. Застанува на семафор. Му приоѓаат десетина просјаци. Не го препознаваат, заради наочарите од 60.000 евра.
Му викаат – шефе, од кај ти е колава?
Груевски им одговара – од вас.
via Бранимир Јовановиќ

Твоја земја

Ова е твоја земја!
Сандакот, попот и музиката, се од нас!
ВМРО–ДПМНЕ!
via Бранко Тричковски

Премиер

– Сине колку се 2+2 ?
– 3, тато.
– Ај, на тато премиерот!

Четворица во соба

Што е тоа: четворица во соба, а само еден работи?
–Тројца министри на ВМРО и климатизер.

ВМРО–вец и кромид

–Што е разликата меѓу министер на ВМРО и кромид?
–Кога го сечеш кромидот плачеш.

Прашање за екстерно

Има плацови?
1. наводно
2. на Водно
via Софија Куновска

Не сакам да правам баклава!

Оди некој Ром оди по улица и се дере на цел глас:
– Не сакам да правам баклава… не сакам!!!
Поминува некој цајкан и го прашува:
– Добре бе, кој те тера да правиш баклава?
А тој му одговара:
– Порано Македонците се бавеа со политика, Албанците правеа баклави, а ние Ромите крадевме… Сега Македонците крадат, Албанците се бават со политика, а ние мора да правиме баклави.

Последна желба

Дошол и тој ден: поради огромните криминали и злосторства Грујо е осуден на смрт на електричен стол.
Во затворот, пред погубувањето, дошол и специјалниот обвинител. Тој го прашал Грујота:
– Имаш некоја последна желба?
– Да. Те молам, држи ме за рака.

Магионичар

Се враќа Грујо од странство со многу пари и македонскиот народ го прашува:
– Абе Грујо, од каде заработи толку пари?
– Епа таму бев магионичар.
– Е ај покажи некоја магија – замолил македонскиот народ.
– Ај сврти се и затвори ги очите… Го осеќаш прстов во газот?
– Да.
– А глеј кај ми се рацете!

Преродбата продолжува

Се расправаат Русин, Американец и Македонец кој има најдобри доктори.
–Нашите доктори се закон! Доаѓа човек, цел испокршен од сообраќајка, а за една недела е ко нов! – се фали Американецот.
–Тоа не е ништо! Ние прегазуваме човек со валјак и за пет дена е како нов! – се фали Русинот.
–Тоа не е ништо! Ние нашиот прво го газиме, па го мелеме, на крај го печеме, а тој за два дена и понатаму вика: Преродбата продолжува!!! – гордо одговара Македонецот.

Како ќе го ставиш оној со наочари од 60 илјади евра во ќелија?

Стара верзија:
Како ќе ставиш 4 слона во фрижидер? – Еден по еден!
А како ќе ставиш жирафа во фрижидер? – Ќе ги извадиш слоновите, ќе ја ставиш жирафата и ќе го затвориш фрижидерот!
Нова верзија:
Како ќе го ставиш оној со наочари од 60 илјади евра во ќелија? – Ќе ги извадиш Велија, Брат Љубе и сите други политички жртви, ќе го ставиш внатре тој со наочари од 60 илјади евра и ќе ја затвориш ќелијата!
via Ацо Лукароски

Како се пушта ВМРОвец?

– Маче, ко палма ќе те чувам!

Срам ми е да кажам

– Маја, што работи татко ти?
– Поштар е учителке.
– Миле, твојот татко што работи?
– Мојот татко е автомеханичар.
– Дуле, а твојот татко што работи?
– Мојот татко е инженер.
– Пајче, а татко ти, што работи?
– Татко ми е машка стриптизета учителке. Секоја вечер оди во ноќен клуб и игра гол пред други машки. Ако му платат добро, зема соба во некој мотел и спие со нив.
– Пајче, ај дојди малку со мене надвор. Вистина ли е ова што го кажа за татко ти?
– Ма не е вистина учителке, татко ми е пратеник на ДПМНЕ во Собрание, ама ми беше срам да кажам...

Договор

Еден од олигарсите многу близок со секоја власт, па и со власта на Груевски, по секоја објавена колумна му се јавувал на Ерол и му честитал за храбрата критика кон Груевски. Еден ден го прашал: „Добро Ероле, како тебе ти успева секој ден жестоко да го критикуваш Груевски а сè уште не си ниту забранет, ниту лустриран, ниту тепан, ниту џипот ти го немаат запалено?“
Ерол го погледнал и му рекол: „А бе види. Имам јас договор со Груевски.“
„Е, каков е тој договор?“, заинтерсирано прашал олигархот.
„Со Груевски се имам договорено“, рекол шеретски Ерол, „да пишувам што сакам и да го критикувам слободно најжестоко што можам, само под еден услов: по објавувањето на колумната да му се јавам и да му кажам кој од олигарсите прв ми честитал!“

Претерување

–Заев: Ќе протестираме!
–Груевски: И ние!
–Заев: Ќе кампуваме со шатори!
–Груевски: И ние!
–Заев: Ако треба, ќе дадам и оставка!
–Груевски: Еј, ај да не претеруваме.

Македонецот и дивјаците

Фатиле дивјаци Македонца и га фрљиле у казан да га варив. Прашале га дали има последњу жељу.
– Немам, само сакам да ве прашам нешто
– Имате ли ви МВР овде?
– Немамо!
– Имате ли ДБК, УБК и такви работе?
– Немамо!
– ДДВ?
– Немамо!
– Имате ли владу, министри, началници, поделбу на население, верску нетрпеливост, локални самоуправе?
– Немамо!
– Имате ли МВР–ВМРО–МРТВ?
– Немамо!
– Па од што полудесте толко бе у пичку материну!

Бегање

Лошите деца бегаат од часови, а одличните од Македонија.

Имиња

–Како се викаш?
–Македонка, а ти?
–Југослав.
–Дојди да плачеме заедно.

Има разлика

Да се разбереме! Комуњарите идат у Грција на одмор зaшто се предавници! А патриотите дека СОЛУН Е НАШ!!!

Комплицирана психичка состојба

Македонецот е толку навикнат постојано да биде напнат што станува нервозен кога е опуштен!

Ендек

Фатил Мартин Протоѓер златна рипка, нејќела да му исполни 3 гласачки кутии и ја фрлил во ендек.
via@ZenskiPrikazni

Аполитичен

Како аполитичен Македонец менува сијалица?
–Сите се исти, ќе седам во темница.
via@zlatniotari

Македонски бизнисмен пред портите на рајот

Починал еден македонски бизнисмен и чека пред портите на рајот.
–Кои добри дела сте ги правеле за време на животот – го прашал свети Петар.
–На еден слепец му дадов пет денари пред ГТЦ 1993.
–Добро. Продолжете понатаму.
–На друг гловонем питач му дадов десет денари 1997.
–Забележано. Тоа е сè?
–Тоа е сè. Бидејќи, зошто постои социјално?
–Хммм – му се обратил свети Петар на најблискиот ангел – што да правиме со типов?
–Богами, јас би му ги вратил тие 15 денари и би го пратил по ѓаволите!

Во вмровски суд

Му се налутил, на суд, адвокатот на обвинителот:
–Ама, вие зборувате како будала!
Обвинителот не останал покус:
–Не знам кој е поголема будала!
Морал да интервенира судијата:
–Полека, полека! Двајцата како да заборавате дека јас сум тука!

Која е разликата?

Која е разликата меѓу масло за јадење и раководен член на ДПМНЕ?
–Маслото е рафинирано.

„Глупоста е неограничена!“

Пастирот постојано се чудел кога луѓето зборувале дека е ограничен: „Како, кога глупоста е неограничена!?“

Рај или пекол?

Политичар загинал во сообраќајна несреќа. Душата му отишла на небото и се сретнала со Свети Петар.
–Добредојде на небото – му рекол Свети Петар. – Прописот е таков што мораш да живееш еден ден во пеколот, еден ден во рајот, а после самиот ќе одлучиш каде да одиш.
Политичарот се согласил и Свети Петар го испратил до лифтот кој се спуштал сè до пеколот.
Вратата од лифтот се отворила и пратеникот се нашол среде внимателно среден терен за голф. Во близина биле клупските простории, а пред нив голем број негови пријатели и политичари со кои често соработувал. Сите биле весели и среќни, облечени во убава облека. Му приоѓале да го поздрават, оживувајќи ги спомените од времето кога заедно се дружеле на сметка на даночните обврзници. Потоа уживале во јастог и кавијар и пиеле шампањско.
Но, тој ден завршил и сите дошле да го испратат. Му мавтале додека лифтот полека се искачува нагоре, каде го чекал Свети Петар и го испратил во рајот.
Следните 24 часа бил во друштво на весели души, преместувајќи се од облак на облак, свирејќи на харфа и пееејќи. И ова време минало брзо и политичарот повторно се нашол пред Свети Петар.
–Добро, помина еден ден во Пеколот и еден ден во Рајот. Сега избери ја својата вечност.
–Рајот не е лош, ама мислам дека подобро ќе ми биде во пеколот, рекол политичарот по кратко размислување.
Свети Петар без зборови го испратил до лифтот и го спуштил во пеколот.
Вратата од лифтот се отворила и тој се нашол среде запуштена полјана преполна со разни отпадоци и секакво ѓубре.
Ги видел пријателите како го собираат отпадот во црни вреќи и чекаат нешто да се симне одозгора.
–Не разбирам, – заплакал тој, – завчера бев тука, имаше игралиште за голф и клупски простории каде јадевме јастог и кавијар, пиевме шампањско, игравме и боговски се забавувавме. Сега тука има пустина преполна со отпадоци и ѓубре, а моите пријатели изгледаат толку бедно. Што се случи?
Ѓаволот му ја ставил раката на рамо, се насмевнал и рекол:
–Синоќа и прексиноќа имавме предизборни митинзи... А денес... денес гласаше.

 

Слики: Свирачиња

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото