„Изгореници“ - изложба на Иван Ивановски во Љубљана

05.01.2016 15:55
„Изгореници“ - изложба на Иван Ивановски во Љубљана

На 5 јануари (вторник) во Галерија МКД во Љубљана ќе биде отворена изложбата „Изгореници“, составена од слики на македонскиот уметник Иван Ивановски. Изложбата ќе биде отворена до 12 јануари.

 

Изгореници

Експлозија. Во овие неколку милисекунди се создава нов свет; нестабилни атоми реагираат на начини кои досега не биле видени на оваа планета; како раѓање на ѕвезда.

Изгорено месо, зачадени дрва, ‘рѓосана жица, бавно распаѓање.

Мали честички лебдат во воздухот кои прават да изгледа како сонцето да трепери.

Во овој постапокалиптичен пејзаж тешко е да се разликува што е реално, а што привидение.

Дали воопшто имаше експлозија?

 

Иван Ивановски е роден во 1983 година, дипломирал вајарство на Ф.Л.У. во Скопје во 2008 година, а во 2013 година го завршува Академскиот програм за режија на Ф.А.М.У., Р. Чешка. Има изложувано: скулптури, цртежи, инсталации, слики и видео во Македонија и надвор. Во 2010 година ги поставува скулптурите „Луѓе-птици“ во Градскиот парк. Работи на филм и анимација. Дел од неговите филмови се претставени (некои и наградени) на различни регионални и интернационални филмски фестивали. Добитник е на наградата „Денес“ за млад ликовен уметник во 2014 година.

ОкоБоли главаВицФото