Студентите изненадени од јануарскиот испитен рок

07.01.2016 10:09
Студентите изненадени од јануарскиот испитен рок

Скопје, 7 јануари 2015

Студентите ширум Македонија се изненадени од испитниот рок кој ненадејно се падна баш во периодот по празниците, јавуваат домашните медиуми.

Според сознанијата до кои дојде редакцијата на Пара вести, голем број студенти неспремно ги дочекале испитите кои одненадеж се појавиле во јануари, што предизвикало лавина критики, пред сè од нивните родители.

„Ништо не упатуваше на тоа дека среде јануари ќе се појави испитен рок. Кога го дознав тоа, се обидов да се спремам, но за жал веќе беше доцна, испитите нè затекоа и мене и моите колеги. Немавме доволно добри механизми за спремање ниту опрема да расчистиме со тие испити кои се паднаа баш во јануари, кога никој од нас не ги очекуваше“, вели Иван Димитровски, студент на Правниот факултет од Скопје и додава дека не очекува дека ќе ја исчисти годината во предвидениот рок.

Според неговите зборови, на студентите најмногу им пречи критиката на луѓето кои дури и не се занимаваат со испити.

„Мене и на моите колеги најмногу ни пречи тоа што родителите нè критикуваат од топлите фотелји во своите куќи, наместо да ни помогнат со повеќе ручеци, сарми и руски салати“, заклучи овој студент по право и вети дека проодноста на испитите во следниот рок ќе биде поголема.

Студентите ветија дека за следниот рок, кој се паѓа во јуни, ќе бидат поспремни и дека тогаш испитите нема да ги изненадат. Сепак, тие се оградија од зборовите на колегата Иван дека следниот испитен рок проодноста со сигурност ќе биде зголемена.

Извор: www.njuz.net